Специјалната болница за очни болести „Деница“ постои од април 2017 година. Се наоѓа на улицата „Варшавска“ број 6 во мирната и спокојна населба скопска населба Тафталиџе. На околу 500 м2, наменски дизајниран и изграден простор, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура со што се овозможува вршење прегледи и оперативни зафати кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници.
„Деница“ е организирана со:
1. Три целосно опремени офталмолошки ординации;
2. Кабинет за припрема на пациенти за преглед;
3. Кабинет за функционална дијагностика;
4. Кабинет за ултразвук и ласер терапија;
5. Кабинет за OCT (Окуларна кохерентна томографија);
6. Кабинет за флуоресцеинска ангиографија и флуоресцеинска автофлуересценција;
7. Посебен оперативен блок комплетно опременa оперативнa салa, како и
8. Дневна болница.
„Деница“ располага со најсовремена офталмолошка опрема, без која не би можело да се постигнуваат врвни резултати, како во дијагностиката, така и при оперативните зафати.
A-scan систем на германската компанија „Tomey“ кој се користи за биометрија во случаи кога постојат многу зрели катаракти. B-scan системот, исто така од компанијата „Tomey“ е дводимензионален и задолжителен при прегледот на пациентите. Со предоперативен преглед со оваа метода се исклучува можноста дека за губиток на видот освен катарактата е одговорно и некое друго заболување: аблација на ретина, тумор, крварење и слично. На овој начин се избегнува повеќекратно оперативно лечење и се дава рационална прогноза за постоперативната видна острина.
Најновата генерација на оптичкиот бесконтактен биометар овозможува прецизна проценка на вредноста на интраокуларната леќа за вргадување. Најновиот оптички биометар „Lenstar“ од компанијата „Haag-Streit“ од Германија поседува софтвер од најновата генерација за проценка на постоперативната диоптрија.
ја опфаќа целата интраокуларна хирургија со користење на најмодерниот очен микроскоп од германскиот бренд „Moller-Wedel“, со користење на инструменти од компанијата „Geuder“ од Германија. Со цел да се постигне максимална безбедност на пациентот, опремени сме со најнова генерација на апарат за анестезија, централна станица за компресија и медицински гасови кои овозможуваат максимална сигурност на оперативниот процес.
Во склоп на специјалната очна болница „Деница“ функционира оптика каде можат да се набават сите диоптриски очила како и контактни леќи и течности за одржување.