
- Менаџментот на катарактата и на астигматизмот;
- Максимизирањето на резултатите во хирургијата на катаракта преку примена на најнапредна технолошка опрема;
- Влијанието на најновите технолошки достигнувања во офталмологијата, како и
- Презентација на најзначајните случаи во очната хирургија.
„Најновите трендови во областа, постојано ги следиме преку редовни посети на најважните регионални и светски симпозиуми и конгреси, бидејќи иднината на Болницата ја гледаме во проширувањето на човечките и технички ресурси, а со тоа и во збогатувањето на палетата на услуги што ги нудиме“, изјави д-р Бучкоска, катарактен и витреоретинален хирург, медицински директор на Деница.
За д-р Сашо Ѓорѓиоски, пак, овој вид настани се вклопуваат во стратегијата на Болницата според која хуманиот однос со пациентите, личното знаење, како и примената на најновите светските офтал
Специјалната болница за очни болести „Деница“ постои од април 2017 година. Се наоѓа на улицата „Варшавска“ број 6 во мирната и спокојна населба скопска населба Тафталиџе. На околу 500 м2, наменски дизајниран и изграден простор, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура со што се овозможува вршење прегледи и оперативни зафати кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници.