Блог

ВИТРЕКТОМИЈА

Што претставува витректомијата?

Витректомија претставува оперативен зафат со кој се третираат болестите на задниот сегмент на окото (ретината и стаклестото тело). Се изведува ендоскопски, при што со низ мали резови (2 mm) на белката, со помош на микроскоп се работи со микроинструменти во внатрешноста на окото.

Кои болести се третираат со витректомија?

Дијабетична ретинопатија, со крварење или мембрани на ретината и во стаклестото тело; Одлепување (аблација) на ретината; дупки и мембрани во макулата; Инфекции и воспаленија на стаклестото тело; Повреди и отстранување страни тела од окото.

Бенефити?

Зачувување и подобрување на видот, како и спречување на појава на посериозни компликации на окото.