
Аблацијата претставува одвојување на ретината (задниот слој на окото) од околното ткиво. Ретината служи за процесирање на светлината и формирање на сликата, но при аблација таа не може соодветно да функционира. Тоа е ургентна состојба која треба брзо да се третира со цел да не дојде до трајно губење на видот.
Симптоми?
Светкање на окото ("флеш", "молња"); Појава на бројни црни точки во видното поле; Сенка (во вид на завеса) во еден дел од видното поле.
Третман?
Лекувањето е исклучиво оперативно. Постојат повеќе видови операции во зависност од степенот на аблацијата: Ласерски третман; Криотерапија; Поставување на трајна силиконска трака; Витректомија.