Блог

АНТИ-ВЕГФ

Што претставува АНТИ ВЕГФ терапија?

Истражувачите откриле дека хемикалија наречена васкуларен ендотелијален фактор на раст или VEGF е предизвикува абнормални крвни садови кои растат под мрежницата на окото. Во таа смисла, научниците развиле неколку нови лекови кои можат да го блокираат VEGF што го предизвикува овој проблем. Овие лекови се нарекуваат „анти VEGF“ и тие помагаат во блокирање на абнормалните крвни садови, во забавување на истекувањето на течноста и во намалување на губењето на видот.

Кои состојби се третираат?

Се користат за лекување на многу очни болести, а најчесто за: Третман на макуларен едем при дијабетична ретинопатија (оток во точката за јасно гледање како компликација од дијабет); Оклузија на ретинални вени (зачепување на крвните садови на ретината); Инфламаторни воспалителни болести на мрежницата; Третман на влажна форма на сенилна макуларна дегенерација (оштетување на точката за јасно гледање поврзано со возраста, а предизвикано од растење на нови патолошки крвни садови на мрежницата кои го оштетуваат видот).

Дозирање и начин на апликација?

Апликацијата се изведува под локална анестезија во операциона сала и под целосно стерилни услови. Лекот, пак, се инјектира во стаклестото тело на окото. Ако лекот ја покаже својата ефикасност, постапката се повторува за 4-6 недели.