КОМПЈУТЕРИЗИРАНО ОДРЕДУВАЊЕ НА ДИОПТРИЈА

КОМПЈУТЕРИЗИРАНО ОДРЕДУВАЊЕ НА ДИОПТРИЈА

Апаратот за компјутеризирано одредување на диоптрија служи за автоматско одредување на вкупната објективна рефракција на очите.
Со помош на овој пристап и апарати, сосема брзо, безболно и точно се добива корекцијата на пациентот.
Дигиталниот систем ја мери и предната закривеност на рожницата.
Корнеалната закривеност, пак, во оваа смисла, е особено важна за одредување на типот на контактните леќи, како и за одредување на интраокуларната леќа што се вградува во окото по евентуалната хируршка интервенција на катаракта (старечко перде).