ХИРУРГИЈА НА ГЛУКОМ

ХИРУРГИЈА НА ГЛУКОМ

Интервенциите кај глаукомот се состојат во:

•   Ласерски интервенции. Ласерските интервенции кај глаукомот со отворен агол (trabeculoplastica) каде со посебен (YAG) ласер се работи на трабекулумот (делот од каде истекува очната водичка) или се прави вештачки отвор во шареницата (iridotomia) и со тоа се подобрува протокот на очната водичка и се намалува очниот притисок.

•   Оперативен третман. Доколку, и покрај примената на максимална антиглаукоматозна терапија, нема регулирање на очниот притисок, индициран е хируршки третман. Целта на антиглаукоматозната хирургија е да се воспостави баланс помеѓу продукцијата и отекувањето на очната водичка. Постојат неколку методи од кои трабекулектомија, трабекулектомија со антиметаболит, длабока склеректомија и дренажни импланти.

Губењето на видот кај глаукомот може да се спречи со помош на редовна терапија, редовни контроли со офталмолог, првично за секој месец, а потоа на 3 месеци, со испитвање на видното поле на секои 6 месеци, како и со испитување на OCT секоја година.