ХИРУРГИЈА НА СОЛЗЕН АПАРАТ

ХИРУРГИЈА НА СОЛЗЕН АПАРАТ

Целта на операцијата е да се создаде комуникација помеѓу солзната кеса и носот, така што солзите може слободно да се движат во носот. Ова ја елиминира опструкцијата во солзниот систем и ја намалува можноста за акумулирање на содржината во солзната кеса и бактериската инфекција.

Операцијата може да се изврши преку кожата на внатрешниот агол на окото или преку носната слузница.

Кога операцијата се прави преку кожата, се прави мал рез (до 1 см) на внатрешната страна на носот.

На крајот од интервенцијата, низ новосоздадениот солзно носен канал се поставува силиконската цевка која ја одржува проодноста на каналот.