ЛАСЕРСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ НА СЕКУНДАРНА КАТАРАКТА - YAG-LASER CAPSULOTOMY

ЛАСЕРСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ НА СЕКУНДАРНА КАТАРАКТА - YAG-LASER CAPSULOTOMY

Задната капсулотомија е процедура која се користи за лекување на секундарна катаракта. За време на хирургијата на катарактата, вештачката интраокуларна леќа се вградува наместо природната заматена леќа. Секундарната катаракта резултира со задебелување на задната капсула зад вградената интраокуларна леќа. Замаглувањето се должи на пролиферацијата и акумулација на клетки, како и на фиброзно ткиво. Користејќи го YAG ласерот, преку процесот на фотодисрупција се отстранува заматувањето и се обезбедува јасен вид каков што бил веднаш по операцијата на катаракта.