ХИРУРГИЈА НА КАТАРАКТА

ХИРУРГИЈА НА КАТАРАКТА

Единствениот начин за лекување на катаракта е хируршко отстранување и имплантирање на вештачка интраокуларна леќа.

Постојат два начина на операција на катаракта:

•   Ултразвучна операција на катаракта (факоемулзификација). Факоемулзификацијата е техника на ултразвучна хирургија каде што, користејќи модерна технологија со ултразвучна сонда, низ мал рез од 2 милиметри, катарактата се крши (дроби), се всисуваат искршените делови и се поставува флексибилна леќа со претходно утврдена јачина и дизајн во зависност од животните навики на пациентот. Операцијата се изведува во локална анестезија, и е целосно безболна, се врши под микроскоп и трае околу дваесет минути. Ваквиот тип на операција оди со брзо закрепнување на пациентот, бидејќи нема потреба од ставање на шавови.

•   Екстра капсуларна екстракција на катарактата, хируршка операција со поголем рез на корнеа. Оваа техника се практикува кај тврди и комплицирани катаракти каде се очекуваат повеќе компликации доколку се употреби ултразвучно отстранување на катарактата. По отстранувањето на катарактата се поставува флексибилна леќа со претходно утврдена јачина и дизајн во зависност од животните навики на пациентот. Операцијата се изведува во локална анестезија, и е целосно безболна, се врши под микроскоп и трае околу дваесет минути. Овој тип на операција оди со побавно закрепнување на пациентот, бидејќи ќе има потреба од ставање на шавови.